Бр. 2
Воодушевувањето на RFSL на неморалот во стара Грција

 

Од веб-страната на RFSL:

Тогаш и сега
ВО СТАРА ГРЦИЈА, љубовта помеѓу постар маж и младо момче била многу ценета. Без оглед на тоа не е исправно да се каже дека хомосексуалноста во тек на целиот живот била норма, имајќи во предвид дека целта на младиот човек била да се ожени. Сличен облик на хомосексуалност не постоел за жените, а ниту за робовите. Затоа, оваа врста на хомосексуалност го одразува патријархалното општество.    

Грчкиот остров Лезбос, каде писателката Сапфо ги поучувала младите девојки во 5. век пред новата ера, го добил името по женскиот облик на хомосексуалност. Зборот „лезбејски“ доаѓа од ова име.

Христијанството вовело нов поглед на сексуалност. Размножувањето е нагласено, а похлепата е осудена. Хомосексуалниот чин постанал грешен, затоа што го навредува поредокот на создавање.
(
Kрај на цитатот од RFSL)

Забележете како RFSL се чини како да му завидува на старогрчкото општество, затоа што „многу ја ценеле љубовта помеѓу стар маж и младо момче“. Тука зборуваме за очигледната распространетост на педофилијата во стара Грција. RFSL очигледно жали затоа штохристијанството вовело нов поглед на сексуалност”. Kако да тагуваат за времето кога похлепата и педофилијата биле норма.

Христијанството сигурно вовело нов поглед на свет во кој вредноста на секоја личност е нагласена. Христијанството го запрело било каквото жртвување на човечкото тело во гладијаторските претстави, го прекинало ропството, ја прекинале можноста на старите мажи „да ја искажат својата високо ценета похот према младите момчиња“ како би ја задоволиле својата зла страст. На жените им е дадена вредна и висока позиција и е воспоставено општо почитување према човечкиот живот. Семејство со мајка, татко и деца постанала здрава тврдина на општеството. Сексуалната верност помеѓу брачните партнери е посакувана норма, а не „љубов помеѓу стар маж и младо момче“, што толку ја ценеле во стара Грција.

Во оваа нова христијанска цивилизација, луѓето почнаа да ги вреднуваат моралот и етиката, бидејќи веруваат дека еден ден ќе бидат одговорни за своите постапки пред нивниот создател. Извештајот за своите постапки кон семејството и кон другите луѓе во својот живот што ги запознале. Искрено, 2000 години што следувале не биле совршени. Се случиле Крстоносните војни, мрачниот Среден век, ропството и периоди на промискуитет, пијанчења и општ морален пад. Но, таквото однесување се смета за порок и никогаш не е прифатено како нормално ниту посакувано. За време на 2000 години на оваа цивилизација нашиот поглед на свет се заснивал на доволно силни вредности што можеле да ги исправаат периодите на декаденција и неморал. Но, во наше време, во Западниот свет се случил драматичен пресврт, што досега неможел да се види.  

Kрајот на нашата сегашна цивилизација?
Сега можеме да видиме, прв пат во 2000 години, како декаденцијата и промискуитетот се прифатени како нешто што е „добро“ за задоволство, а со тоа и посакувано. Кон крајот на ова лето прочитав во Dagens Nyheter (пр: “Дневни новости”), тоа е главен дневен весник во нашата земја, апел до читателите да испратат по пошта до весникот (како би го тоа публикувале) стории за тоа како сте биле неверен кон брачниот партнер во текот на летните празници (“hur du varit otrogen på semestern i sommar”). Oва е апел, како читателите на главниот дневен весник би можеле да уживаат читајќи го прекрасниот список на похоти и незаконски секс. Такви пороци постојат од секогаш, но нашата цивилицација никогаш не ги славила како што тоа го прави денес. Семејната структура толку добро ни служеше во изминатите 2000 години, а сега ја уништуваат пред нашите очи. Сега го гледаме крајот на нашата долга цивилизација. 

Догорочно посматрано цивилизациите никогаш не траат довека. Тие се појавуваат и ги снемува. Затоа не треба тоа да не изненади. Тоа е слично на круг. Секоја цивилизација започнува со варварство, после што следи тиранија. Потоа се воспоставува закон како би се управувало со однесувањето. На почетокот под некакво диктаторство, но оттаму се тргнува кон политичка слобода и почитување на човечкиот живот, кога членовите на општеството ги собираат плодовите на организирана цивилизација што е изградена на доблести и на подржување едни на други. Но, тогаш се уфрлува прејадувањето, што е проследено со мрза и општа неволност за работа. Потоа се појавуваат декаденцијата и пороците те следи уништување на семејството? Ние денес се наоѓаме на тоа место? Распаѓањето на нашата цивилизација оди кон варваризам и кон затварање на кругот на цивилизацијата.