Бр. 5
Критика на истражувањето на Hamer  

 

Hamer и неговиот тим регрутирале група од 76 хомосексуални мажи од програмата за лечење од СИДА. Сите тврделе дека имаат барем еден брат хомосексуалец и снажен модел на хомосексуална ориентација помеѓу вујковците. Тимот на Hamer поставил хипотеза дека ова мора да се одрази на некој ген на Х хромозомот. Машкото дете добива еден Х хромозом од можните два Х хромозоми на мајката, а Y хромозомот од таткото. Имајќи во предвид немале хомосексуална ориентација, се претпоставувало дека еден од двата Х хромозома носи хомосексуален ген. Значи, помеѓу становништвото воопшто, околу половина мажи би го имале тој Х хромозом што носи хомосексуални гени, за половина не би го имале. Но, во 40 пара на браќа хомосексуалци, не половина (т.е. 20), туку 33 од нив го имало Х хромозомот што покажал варијација на q28 генот, што не се совпаѓало со вообичаениот модел на врзување. Бидејќи овој број (33) е многу поголем од претпоставенио (случаен) 50%, претпоставиле дека овој ген ја носи машката хомосексуална ориентација. Сепак, уште 7 пара го немале овој „маркер“ (ознака) на тој ген. Ако ова истражување е вистинито и искрено, што значи дека би можело да се репродуцира во следните истражувања, заклучок што би можел од ова да се извлече и понатаму би бил ограничен на ова: Одреден хромозомски модел не е ниту неопходен ниту доволен да предизвика хомосексуалност. Не е неопходен бидејќи 7 oд 40 хомосексуални парови го немале овој модел. Не е доволен, бидејќи следните истражување на тимот на Hamer (вклучувајќи ги нехомосексуалните браќа со иста позадина) покажале дека некои хетеросексуални браќа имале ист маркер на q28. Таквото маркирање на гените и врска тешко се прифатливи за дефиницијата на „хомосексуалниот ген“. Но, (и повторно само ако истражувањето било искрено) може да се тврди дека има и други карактеристики што се поврзани со овие гени одредени со маркирање што се поврзува со другата карактеристика во семејството, која довела до предиспозиција кај некои поединци да бидат ранливи на хомосексуалност. На пример, поединец со одреден маркиран ген може да биде предиспозициониран за барање на различно однесување или слично. Кој знае што би можело да биде тоа?