Пре-уп 29  


Уп. 29:
Oва упатство (на англиски) e комплетен запис од расправата на Шведскиот врховен суд за време на судењето на пасторот Åke Green, службеникот кој бил осуден на Нижиот суд на затворска казна затоа што проповедал за сексуалниот неморал во Шведска. Врховниот суд се согласил со одлуката на Нижиот суд дека Green навистина направил кирминален чин што заслужува затворска казна. Сепак, Судот морал да разгледа дали одлуката ќе се оддржи пред Европскиот суд за човекови права. Европскиот суд е составен од членови од другите европски држави кои сеуште не постанале толку содомизирани и хедонистички како што тоа постана нашата земја. Во другите држави суште ги одржуваат дуалните човекови права за слобода на говорот и слобода на религијата. Затоа одлуката виновенне би се одржала на Европскиот суд. Шведскиот суд морал да го ослободи пасторот Green. Во секој случај, Шведскиот закон – kој ја ограничува слободата на говор и религија – e сеуште на сила и се спроведува во нашата земја. Хомомафијата не сака да го промени, бидејќи сеуште можат да го користат против многу проповедници. Тие не сакаат да поминуваат низ неволјите низ кои мораше да помине Green.  

Taквото размислување на Шведскиот врховен суд е многу очигледно од записот на расправата на тој случај. Преведено на македонски вели (делумно): 


Забелешкa:
Речениците што следат се последните реченици од параграфот во средината од пишаната расправа. Го сумаризират мислењето на Судот според кое Åke Green (понатаму во текстот споменат како ÅG) навистина бил криминалец според шведскиот закон.   

ÅG волно ја изјавила оваа изјава во својата проповед на заедницата, свесен дека би можел да се протолкува навредливо. Според значењето на поглавје 16, точка 8 од Казнениот закон, што се очитува во мотивите, на изјавите мора да се гледа на начин дека изразуваат непочитување кон хомосексуалците како група.

Забелешка:
Но, во врска со различите закон за човековите права во Европската Унија (EU), Шведскиот врховен суд морал да ги земе во предвид тие закони и шведскиот закон да го остави по страна. Пред крајот на документот го напишале следното

Врховниот суд сега мора да разгледа дали примената на поглавје 16, точка 8 од Казнениот закон во случајот ÅG ќе биде оставена по страна, бидејќи таквата примена би била во сукоб со Уставот(сп.Одлуките на Шведскииот врховен суд NJA 2000 стр. 132 и 2005 стр. 33) или Европската конвенција (сп. Bill 1993/94:117 стр. 37 с. и Извештајот од одборот 1993/94:KU24 стр. 17 сс.).

Документот понатаму вели:

Кога Европскиот суд за човекови права ќе процени дали претпоставеното ограничување е потребно во демократското општество, Судот расправа дали тоа одговара на вистинските општествените потреби, дали во склад со легитимната цел, што сака да се постигне и дали причините што ги обезбедуваат државните авторитети ќе ја оправдаат таа цел, се релевантни и доволни (одлука на Судот од 26. април 1979., случај на Sunday Times против United Kingdom (Обединето Кралство), стр. 62, Издание A бр. 30). Во врска со изразот што го шират, поттикнуваат и ја оправдуваат омразата заснована на нетолеранција (вклучувајќи религиска нетолеранција) – “jазик на омразата” – Судот за човекови права зема во предвид дека можеби би било неопходно да се казни или дури да се спречат изразите од таква врста. Севкупната проценка мора да се направи врз основа на околностите, вклучувајќи ја содржината на она што е кажано и контекстот во кој се кажани изјавите, како би одлучиле дали одговара казната на целта и дали причините за истата се релевантни и доволни. Природата и острината на казната исто така мора да бидат земени во предвид во овој контекст. (Види ја пресудата во случајот на Gündüz, стр. 40; исто така спореди ја пресудата на Судот од 9. јуни, 2004. во случајот на Abdullah Aydin против Турција, стр. 35; апликација 42435/98, не издадена)…..

Во севкупната проценка на околностите – во светло на праксата на Европскиот суд за човекови права – во случајот ÅG е јасно според тоа што се гледа дека не се работи за такви изјави на омраза, за кои обично се зборува како за јазик на омраза. Исто така ова се применува и на неговата изјава за која би можело да се каже како далекусежна, каде што сексуалните абнормалности се опишуваат како канцероген тумор, имајќи ја во предвид изјавата, посматрана во врска со тоа што тој изјавил е поврзано со неговата проповед, не е таква природа ниту може да се однесува и ниту се промовира или оправдува омразата против хомосексуалците. Начинот на кој се изразил никако не може да биде повеќе омаловажувачки, отколку што е тоа опишано во библиските текстови, но најмногу што може да се извлече од тоа е пораката кој сака да ја пренесе на публиката. Тој ја изнел оваа изјава во проповедта пред заедницата во врска со темата што се наоѓа во Библијата. Прашањето е дали верувањето врз основа на кое го изавил тоа е легитимно или не, не треба да се зема во предвид во проценката (Одлука на Европскиот суд на човекови права на 26. септеври, 1996., во случајот Manoussakis и останатите против Грција, стр. 47).

Под такви околности веројатно Европскиот суд за човекови права, после истражувањето на ограничувањето на правата на ÅG да ги проповеда неговите идеи базирани на Библијата, на кои пресудата за вина е базирана, ќе одлучи дека ограничувањето е надвор од пропорциите и дека се случило насилство над Европската конвенција.

Изразот на непочитување во таканаречената агитација против нациоална или етничка група не може да се земе како да има такво отсечно значење кое навистина би предизвикало конфликт помеѓу Европската конвенција и Казнениот закон (сп. Извештај од одборот 1993/94:KU24 стр. 18 сс.). Сигурно следи од горенаведеното дека според подготвителната работа намерата е изјавите типот што јавниот обвинител ги цитирал овде во расправната изјава на криминалното дело, морат да се сватат како изразување на непоитуавње во значењето на провизијата. Една од причините на Европската конвенција во Шведскиот закон била создавање на отсечна основа на директна примена на Конвенцијата на Шведските судови (види Bill 1993/94:117 стр. 33). Врховниот суд исто така во неколку наврати одлучил дека мора да биде дозволено да се заобиколат таквите изјави поврзани со значењата на правилата од законот направен во тек на припремната работа на законот или во случај кога законот тоа го бара за време на толкувањата на Конвенцијата како што е тоа изразено со одлуките на Европскиот суд за човекови права (види ги најновите одлуки на Шведскиот врховен суд NJA 2005 стр. 462; сп. г поранешните законски случаи вклучувајќи NJA 1988 стр. 572, 1991 стр. 188, 1992 стр. 532 и 2003 стр. 414). Она што е кажано подразбира дека законската одговорност на таканаречената агитација против националните или етнички групи во овој случај мораат да се протолкуваат поограничено отколку што тоа е покажано во подготвителната работа, така да се постигне апликација согласна со Конвенцијата, Како што е веќе кажано, мора да се претпостави дека таква апликација во согласност со Конвенцијата нема да дозволи осуда на вината против ÅG под тековните околности во овој случај.   

Врз основа на се горенаведено, тужбата против ÅG се повлекува.


Ако сакате да го прочитате оригиналниот документ на англиски кликнете тука (големнина на документот: 92 k)